Награди за најдобрите трговски објекти во Скопје во 2011-та

Bez autora
Dec 28 2011

Во средата, претседателката на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева свечено ги додели плакетите и признанијата на најдобрите трговски објекти за 2011 година, што беа дел од истражувањето што се спроведува трета година по ред во рамки на манифестацијата „Месец на трговијата", во организација на Град Скопје. Во знак на признание беа доделени плакетите за најдобрите три трговски објекти што постигнале највисок вкупен резултат на испитаните елементи на услугата во 7-те категории: апарати за домаќинство и бела техника; златарници, филиграни и продавници за накит; компјутерска, аудио-видео и телекомуникациска опрема; парфимерии; салони за мебел и канцелариска опрема; супермаркети и бутици. Во категоријата „апарати за домаќинство и бела техника“, беа избрани 1.Крусел, 2. Алеа 3. Агротехна; кај „златарници, филиграни и продавници за накит“ - 1. Макголд, 2. Раф Раф и 3. Алтинбаш; во категоријата „компјутерска, аудио-видео и телекомуникациска опрема“ - 1. Аудио центар Болин, 2. Ривер Софт Компјутери и 3. Артист Системс; меѓу парфимериите - 1. Реми Пан, 2. Бонди груп Касиопеа и 3. Еликсир Ексклузив 1; во категоријата „салони за мебел и канцелариска опрема“ - 1. Технокооп, 2. Стол и 3. Стиллес; кај супермаркетите - 1. Рамстор, 2. Принц и 3. Веро 9, кај бутиците - 1. НАНА, 2. Блу Петрол и 3. Чико Шоп

Награди за најдобрите трговски објекти во Скопје во 2011-таВо средата, претседателката на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева свечено  ги додели плакетите и признанијата на најдобрите трговски објекти за 2011 година, што беа дел од истражувањето што се спроведува трета година по ред во рамки на манифестацијата „Месец на трговијата", во организација на Град Скопје.

Во знак на признание беа доделени плакетите за најдобрите три трговски објекти што постигнале највисок вкупен резултат на испитаните елементи на услугата во 7-те категории: апарати за домаќинство и бела техника; златарници, филиграни и продавници за накит; компјутерска, аудио-видео и телекомуникациска опрема; парфимерии; салони за мебел и канцелариска опрема; супермаркети и бутици.

Во категоријата „апарати за домаќинство и бела техника“, беа избрани 1.Крусел, 2. Алеа
3. Агротехна; кај „златарници, филиграни и продавници за накит“ - 1. Макголд, 2. Раф Раф и 3. Алтинбаш; во категоријата „компјутерска, аудио-видео и телекомуникациска опрема“ - 1. Аудио центар Болин, 2. Ривер Софт Компјутери и 3. Артист Системс; меѓу парфимериите - 1. Реми Пан, 2. Бонди груп Касиопеа и 3. Еликсир Ексклузив 1; во категоријата „салони за мебел и канцелариска опрема“ - 1. Технокооп, 2. Стол и 3. Стиллес; кај супермаркетите - 1. Рамстор, 2. Принц и 3. Веро 9, кај бутиците - 1. НАНА, 2. Блу Петрол и 3. Чико Шоп

Истражувањето традиционално го спроведува Град Скопје во соработка со агенцијата SWOT Research, а најдобрите трговски објекти се избираат по пат на истражување што го спроведуваат независни и објективни тајни купувачи (mystery shopping), коишто со вкупно 810 посети го оценуваат квалитетот на услугата според пет критериуми, и тоа: изглед на продажното место; прв контакт со вработените; услуга на купувачите; завршен контак и  задоволство од купувачкото искуство./крај/ро/сн

Целта на  проектот е да се разбуди свеста кај трговците и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата на клиентите, како и да се подигне општото ниво на квалитет во трговските објекти на територијата на градот Скопје.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik